Хормоните обожаваат шеќер
Кога сте гладни, хормоните во организмот Ве "преколнуваат" да им дадете храна од која ќе ја добијат потребната енергија. Глукозата и фруктозата во организмот делуваат како бензин – тие согоруваат брзо и даваат краткотраен наплив на енергија, пренесува womenshealthmag.com. Кога консумирате многу шеќери, Вашето тело се навикнува на тој наплив на енергија.

Единствената тактика која треба да ја применувате е
да внесувате што повеќе протеини во исхраната. Јадењето на слатки е како да фрлите хартија во оган - таа гори брзо, додека
протеините согоруваат побавно, исто како дрвото. Освен тоа, Вие подолго време ќе се чувствувате сити, а потребата за дополнителна нездрава храна ќе Ви се намали.
Мозокот ја користи глукозата како погонско гориво
Мозокот ја користи глукозата како гориво 95% од времето. “Останатите 5% доаѓаат од глутаминот и аминокиселините” – вели докторот по семејна медицина, Крег Конивер. Со самото тоа, желбата за шеќерот може да настане поради недостаток на глукоза, која го алармира мозокот.
Конивер советува да го прелажете Вашиот мозок со
внес на глутамин наместо глукоза. За таа цел постои глутамин во облик на капсула, кој се консумира како додаток во исхраната.
Слатките како утеха
Слатките го поттикнуваат лачењето на допамин и не, не замислувате – чоколадото навистина Ве прави среќни. Слатките го активираат истото чувство на задоволство како
дрогата и алкохолот. Според тоа, повеќе од јасно е дека тие можат да предизвикаат зависност. Персоналниот тренер Дан ДеФиго советува да ги
планирате Вашите оброци во текот на денот, или дури една недела однапред. Со помош на распоредот, Вие ќе ги одбегнете сите нездрави прехрамбени навики, доколку секако се придржувате кон истиот.
Навика од детството
“Доколку за време на детството Ве наградувале со слатки за добро завршената работа или Ве казнувале со нивно одземање, нормално е дека во подоцнежните години ќе ги консумирате со посебно задоволство,
затоа што можете” – вели клиничкиот психолог, др. Карла Мари Менли.
Слатките се поврзуваат со чувството на среќа, сигурност и љубов, кои потсетуваат на безгрижно детство.
Но, како да го разбиете тој маѓепсан круг? Едноставно пробајте да ги
замените слатките со некоја друга храна или активност која Ви предизвикува еднакво задоволство, како што е на пример опуштачката масажа или посетата на фризер. Одличен лек против лошото расположение е и
вежбањето, кое докажано го подигнува расположението и виталноста.