Заев: Македонија во март ќе има влада предводена од СДСМ

Макфакс

23/02/2017

13:55

4.463

Големина на фонт

а а а

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Сараево порача дека неговата партија ги собрала неопходните потписи за формирање на влада и дека ова најверојатно ќе биде официјализирано во првата половина од следниот месец.

„Потписите се обезбедени, останува уште мал дел од преговорите за формирање на влада, најзначајните прашања се усогласени, останува сега да седнеме со претседателите на другите партии и верувам дека за некои десетина или петнаесет дена ќе имаме нова влада“, рече Заев денеска за време на пресконференција организирана од сестринската Социјалдемократска партија на БиХ.



Запрашан околу тоа дали СДСМ добил безусловна поддршка од страна на албанските партии, тој одговори дека „не станува збор за безусловна поддршка, поради тоа што останува да се реши кој со каков ресор ќе раководи“.

„Оптимист сум дека во првата половина од март Македонија ќе има влада која ќе биде предводена од СДСМ“, порача Заев.


Спонзорирани линкови

Маркетинг