Моринга – билка која спречува промени во расположението

Точка

18/02/2017

11:30

13.848

Големина на фонт

а а а

Моринга е растение кое содржи многу хранливи материи за нашето тело, има моќ да го зајакне имунолошкиот систем и поради лековитите својства, се користи веќе илјадници години.

Често ја нарекуваат и “чудотворната билка”, поради високото ниво на антиоксиданси, но и поради сите други својства кои таа ги поседува.


Истражувањата покажуваат дека морингата може да помогне при лечење на многубројни здравствени состојби како што се разни воспаленија, инфекции, алергии и астма, анемија, дијабетес, артритис, болки во желудникот, епилепсија, хронични главоболки, висок притисок итн.

Вметнете ја морингата во Вашата секојдневна исхрана поради следниве причини:

Содржи многу антиоксиданси кои помагаат во намалување на воспаленијата

Морингата, сè почесто се користи како моќен природен лек и како замена за некои лекови во целост, бидејќи ги содржи истите состојки – само не предизвикува несакани ефекти. Содржи есенцијални аминокиселини, каротеноиди фитонутриенти кои може да се најдат во доматот и морковите. Разните воспаленија можат да создадат многу проблеми во телото, но ова растение се бори против нив со помош на моќните anti-age споеви, кои вклучуваат витамин C, бета-каротен, кверцетин и полифеноли. Овие комбинации помагаат при намалувањето на ризикот од одредени видови на карцином, висок крвен притисок и останати хронични болести.

Ги балансира хормоните на природен начин

Истражувањата покажуваат дека консумирањето на додатоци во исхраната како што се морингата и амарантот, значајно ги зголемуваат антиоксидансите во телото и го намалуваат оксидативниот стрес. Исто така, морингата го зголемува нивото на хемоглобин во крвта и го подобрува нивото на глукозата, со што ги намалува или спречува хормоналните промени и болестите кои доаѓаат со годините.


Влијае на здравјето на мозокот и спречува промени во расположението

Ова растение содржи значајна количина на протеини и триптофани, кои му помагаат на телото да произведува серотонин – хормон кој е значаен за опуштање на мускулите. Морингата, според некои студии, помага при намалување на уморот, депресијата, промената во расположението и несоницата.

Колку е моќна оваа билка докажуваат и следниве факти:

1. Морингата содржи два пати поголема количина на протеини од јогуртот
2. Таа содржи четири пати поголема количина на витамин А од морковот
3. Три пати поголемо ниво на калиум од бананите
4. Четири пати поголемо ниво на калциум од млекото
5. Морингата содржи седум пати поголема количина на витамин C од портокалот

Како да се консумира?

Со обѕир на тоа дека се работи за многу силно растение, почнете со консумирање на моринга во прав во мали дози, но никако на празен стомак. Почнете со консумирање на пола лажичка дневно и постепено зголемувајте ја дозата до максимално 5 лажички дневно, доколку тоа е потребно.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk