Магичната Лапонија – дестинација која сакате да ја посетите!

Точка

07/02/2017

12:24

6.824

Големина на фонт

а а а

Лапонија е апсолутна хит зимска дестинација, без разлика дали сте турист или професионален фотограф и авантурист. Ваквата зимска магија мора да ја доживеете барем еднаш во животот.

Овој магичен дел од светот е познат како домот на Дедо Мраз и Аурора Бореалис, кој е далеку поубав од сите оние зимски идили кои некогаш сте ги виделе.


Недопрениот снежен хоризонт, сјајните небесни ѕвезди и љубезните ирваси се само дел од убавините на овој крај. Не знаеме за Вас, но ние веќе му пишуваме писмо на Дедо Мраз.
Лапонија, односно Lappland, Lappi, Sápmi, Sameland или Saamiland е поим за културна регија која традиционално го населува народот Saami.



Денес, Лапонија е административно поделена помеѓу две земји – северната провинција на Финска го носи името Лапонија, додека шведскиот дел го нарекуваат Lappland.


Земјата се наоѓа во северна Европа, која вклучува северни краеви на Скандинавија и полуостровот Кола во Русија. Со распадот на СССР доаѓа до подобрување на меѓународните односи на овие земји, што било од важно значење за припадниците на овој народ.


Арктички култивираната област на Лапонија е заштитена во Списокот на светското културно и природно наследство, а според статистиките, во Лапонија живеат околу 70.000 припадници на народот Saami – 40.000 жители живеат во Норвешка, 20.000 во Шведска, 6 илјади во Финска и околу 2 илјади во Русија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk