Вистинско совршенство за децата – Monnalisa by Savio Firmino

Точка

30/01/2017

18:39

3.140

Големина на фонт

а а а

Новата колекција на мебел од брендот Monnalisa Living by Savio Firmino e претставена пред само неколку дена, на две исклучително луксузни локации во Фиренца

Monnalisa Living by Savio Firmino е проект којшто е дизајниран за глобалниот пазар и претставува резултат на синергијата помеѓу две познати компании коишто споделуваат тоскански корени, а нудат врвна одличност по прашањето за квалитетот, како и врвна оригиналност по прашањето за дизајнот.

Savio Firmino e всушност компанија којашто им е посветена на децата и којашто претставува водач во премиум класата на пазарот, додека Monnalisa е водечка компанија за детска облека во повеќе од 60 држави во светот.


А овојпат овие две компании заеднички создале и произвеле специјална колекција комбинирајќи ја креативноста на Savio Firmino со стилот и боите на компанијата Monnalisa. И токму оваа совршена комбинација довела до создавање на целокупен асортиман од производи сочинет од колевки, витрини, кревети, фотелји, ормари и аксесоари наменети за деца, а кои маѓепсуваат уште на прв поглед.

За колекцијата на Savio Firmino и Monnalisa, може слободно да кажеме дека изгледа како да е дел од некоја виртуелна реалност, при што секој оној којшто би имал прилика да ја погледне и доживее во живо, да ги погледне и допре сите тие детали, материјали, бои и аксесоари, би доживеал еден вид на сопствена виртуелна реалност во вистинското време. Едно уникатно и неповторливо искуство...


"Позајмете" барем некоја идеја и внесете бајка во секојдневието на вашето дете!








Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk