Најдобра домашна крема против брчки: Видно ги брише трагите од грижите!

Точка

27/01/2017

16:49

18.368

Големина на фонт

а а а

Квалитетна и евтина, а исклучително делотворна. Едноставно, мора да ја пробате.

Нашата кожа е исклучително нежна. Со текот на годините таа ја побрзо ја губи својата еластичност, а потоа на сцена настапуваат брчките. Ситните брчки коишто се појавуваат околу нашите очи, некои ги прифаќаат како природен процес на стареењето, но многумина од нас се обидуваат да го продолжат и сочуваат младешкиот изглед.

Нажалост, креми против старост не постојат.

Но секако, постојат доста висококвалитетни козметички производи коишто ја хранат и интензивно ја хидрираат кожата, со што се забавува процесот на стареење, и со самото тоа, се спречува настанувањето на нови, и се намалуваат постоечките ситни брчки.

Овојпат ви предлагаме природна алтернатива на таквите скапоцени производи во вид на крема “од домашната работилница”, која се има докажано како исклучително ефикасна за нега на подрачјето околу очите, како и за целата кожа на лицето.


Крема против брчки:

За подготовка на оваа крема ќе ви бидат потребни 1/5 мала лажичка кокосово масло и 2 до 3 капки етерично масло од темјан. Едноставно, измешајте ги и двете масла и нанесете на кожата со лесни и масирачки движења, на чисто и суво подрачје околу очите, или на целото лице. Кремата се нанесува два часа пред спиење и притоа, не се исплакнува. Оваа крема ќе ви послужи како чудесен еликсир за тенката кожа околу очите.

Кремата може да ја употребувате и за пределот на деколтето, а може да направите и поголемо количество коешто би требало да го чувате во помал стаклен сад.

Со бенифитите коишто ни ги донесува кокосовото масло многумина од вас се со сигурност веќе добро запознаени. Ова масло е навистина непроценливо во служба на негата на нашата кожа.


Од друга страна пак, етеричното масло од темјан е многу ценето во козметиката поради регенеративното дејство на кожата, природниот лифтинг којшто го постигнува и корекцијата на брчките.

Инаку, поседува сладок, топол и длабок мирис којшто го подобрува расположението и опушта. Исто така, ја намалува и анксиозноста, депресијата, нервната напнатост, главоболката и несоницата.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk