Врвната EVO 115 јахта на бродоградилиштето Теcnomar го подига луксузот на повисоко ниво...

Точка

26/01/2017

17:31

3.523

Големина на фонт

а а а

Италијанското бродоградилиште Tecnomar тукушто објави дека нивната прва EVO 115 суперјахта е продадена на еден азиски клиент...

Ова е всушност и првиот проект на оваа компанија којшто е насочен кон далекуисточниот пазар, такашто тој претставува и многу значаен момент во нивното постоење, на повеќе начини.


EVO 115 е алуминиумска убавица којашто ќе биде конструирана во нивното бродоградилиште, во Marina di Carrara. Самиот прод поседува особено специфичен дизајн, распоред со три кабини и врвен мастер апартман којшто ќе биде сместен на долната палуба.

Секако, мора да се спомене и огромниот wellness простор, со сауна, парна бања и соба за масажа, што веројатно на самиот збор “опуштање” ќе му даде едно сосема ново значење.


Оваа јахта може многу лесно да се смета и за уникатна, токму поради нејзиниот дизајн, а особено поради фактот дека е наменета за Далечниот Исток, односно оној дел од светот кадешто на сосема поинаков начин се толкува поимот луксуз. А ако реалниот приказ на оваа јахта биде барем малку сличен до графиките коишто може да ги видиме на интернет мрежата, сигурни сме дека нејзиниот среќен сопственик ќе биде и повеќе од задоволен.


Сепак, за цената од бродоградилиштето Tecnomar засега не коментираат ништо, како и ниту за техничките и специфичните детали, како што се нејзините димензии или типот на моторите со коишто таа ќе располага со цел да ги освои сите седум мориња...

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk