Се ожени најплатениот и најубавиот турски актер: Погледнете како изгледа неговата сопруга!

Точка

05/01/2017

21:01

35.147

Големина на фонт

а а а

Водечкиот турски актер Мурат Јилдирим неодамна во Истанбул го кажа своето судбоносно “да”. Ова за него е второ стапнување пред олтарот, а неговата нова избраничка е убавата актерка Иман Елбани.

Мурат, којшто важи за најплатен, најпопуларен и според многу дами и најубав актер во Турција, стана популарен токму благодарение на турските сапуници. Тој во 2014-та година се разведе од својата прва сопруга, актерката Бурчин Терзиоглу, после шест години навидум хармоничен брак.

Со тој чекор Мурат ја изненади публиката, а потоа на љубовта сепак реши да ѝ даде и втора шанса. И тоа каква!



Иман Елбани е секако главен “виновник” за таа негова одлука. Актерката има египетско потекло, заносна убавина, а на венчавката изгледала беспрекорно!

А нивната свадба била проследена со сите обичаи, а не недостигал ниту гламурот.


Згодниот турски актер, веројатно најпознат на овие простори по улогата на Саваш, и неговата нова сопруга, сега го чинат дефинитивно најубавиот турски славен пар!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk