Emporio Armani овојпат се вклучува во трката на носивата технологија, лансирајќи го својот прв хибриден часовник, наречен Emporio Armani Connected.
Овој моден бренд овојпат ги здружува силите со брендот Fossil, како би го претставиле својот најнов модел на часовник, којшто и воопшто не изгледа како паметен часовник, иако тоа всушност и е. Нивниот нов часовник може да се поврзе со вашиот паметен телефон, со iOS или Android платформа.
- Постои апликација за секоја потреба, а јас мислам дека во многу случаеви сите овие изуми само го подобруваат квалитетот на нашиот живот. Оваа линија на часовници ги комбинира стилот, високата технологија, непосредноста и леснотијата при самата употреба, изјавил Џорџо Армани.
Елегантниот часовник поседува челична база и текстурен бројчаник со сребрени индекси. Неговото ремче е кожно, а достапен е во црна и кафеава боја. Има и “fitness tracker”, вграден музички плеер и опција за лоцирање на телефонот, ако истиот е изгубен.
Исто така, својот сопственик овој паметен часовник го известува за пропуштените повици и пораки на мобилниот телефон со помош на вибрации. Сепак, на неговиот бројчаник не се појавува ништо. А најдобра особина кај овој новитет е фактот дека неговата батерија, кога е сосема наполнета, може да потрае и до шест месеци!
Достапен е во боите розово злато, црна, сива и боја на нерѓосувачки челик, а како вистински технолошки моден додаток, овој модел веќе предизвикал огромен интерес кај јавноста.