Фудбалерот од Тринидад и Тобаго, Двајт Јорк остави добра трага на островот играјќи за Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Блекбурн Роверс, Бирмингем Сити и Сандерленд, но изненади многумина со неговата изјава за тоа кој е најголмеиот натпревар во англискиот фудбал.
Секако за најголемиот дел тоа е пресметката меѓу ривалите од „Енфилд Роуд“ и „Олд Трафорд“, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но за Јорк тоа е веќе натпревар за историја додека број еден во поново време, модерната ера е градската пресметка меѓу „црвените ѓаволи“ и „граѓаните“.
- Ливерпул-Јунајтед е меч исполнет со историја и ривалство, но можеби тоа повеќе не е случај во оваа модерна ера. Тоа беше меч на кој му се радувавме во мое време, но сега на тоа место се двата клуба од Манчестер и тоа е поголем натпревар. Сигурен сум дека ќе има луѓе кои ќе бидат разочарани од оваа моја изјава, дуелите со Ливерпул се уште имаат интензивност и историја, меѓутоа градското дерби сега е поголемо, - посочил Јорк за „888спорт“.