10 факти кои ја откриваат апсурдноста на богатството на Пабло Ескобар

Точка

05/10/2016

10:47

10.342

Големина на фонт

а а а

Кралот на кокаинот Пабло Ескобар бил син на сиромашен колумбиски фармер, но до неговата 35 годишна возраст успеал да стане еден од најбогатите луѓе на светот.

И покрај неговото скромно потекло Пабло Ескобар станал лидер на познатиот Меделин картел кој е задолжен за 80% од глобалниот маркет за кокаин.

"El Patron" правел просечно околу 420 милиони долари неделен приход, со што станал еден од најбогатите луѓе во светот на дрогата.

Да се даде точна проценка за богатството на Ескобар не е возможно поради самата природа на пари заработени од дрога, но според некои проценки тоа се движи над 30 билиони долари.


1. Во средината на 1980-те, картелот на Ескобар имал приход од околу 420 милиони долари неделно, што изнесува речиси 22 милијарди долари годишно.

2. Ескобар се најде на Forbs листата на интернационални милијардери и неговото име остана таму седум години по ред, почнувајќи од 1987-ма до 1993-та година. Во 1989-тата се појавува и на листата на најбогати луѓе на светот како седми по ред.

3. До крајот на 1980-та година тој испорачувал 80% од светскиот кокаин.

4. Тој шверцувал околу 15 тони кокаин во САД секој ден.

Ескобар со неговиот син, Хуан Пабло, пред Белата куќа во 1981. Sebastian Marroquin/Sins of my Father


Според новинарот Јоан Грило, картелот Меделин го шверцувал поголемиот дел од кокаинот директно над брегот на Флорида.

5. Со други зборови, на Американците кои употребувале кокаин, четири од пет линии за "шмркање" им биле обезбедени од "El Patron."

6. "Кралот на кокаинот" имал и загуба од околу 2 милијарди долари од профитот секој месец, но тоа навистина не менува ништо.

Огромното богатство на Ескобар станало проблематично тогаш кога веќе не можел да ги пере парите доволно брзо па почнал да закопува огромни купчиња кеш низ колумбиските земјоделски полиња, напуштени магацини, во ѕидовите на домовите на членовите од својот картел - според Роберто Ескобар, главниот сметководител на картелот кој го опишал ова во својата книга "The Accountant's Story: Inside the Violent World of the Medellín Cartel."


"Пабло заработуваше толку многу што секоја година моравме да отпишеме околу 10% од парите бидејќи беа изедени од стаорци во дупките на ѕидовите или пак беа оштетени од природни појави, дождови на полињата" - пишува Роберто.

Тоа се околу 2.1 милијарди долари, со оглед на тоа колку пари тој наводно правел. Ескобар едноставно имал толку многу пари што веќе не знаел што да прави со нив па невнимателните загуби од мувла, стаорци и дождови воопшто не претставувале проблем.

7. Имал трошоци од 2.500 долари на гумени ластичиња со кои ги врзувал сноповите кеш.


Додека сокривањето (или уништувањето) на прекумерената количина на пари претставувал еден проблем, браќата се соочиле со уште еден проблем: уредно организирање на банкнотите.

8. Во една прилика, Пабло Ескобар разгорил оган со два милиони долари бидејќи на неговата ќерка и' било студено.

Во интервју (2009та) синот на Пабло Ескобар раскажува дека семејството живеело во скривалиште на планината Меделин кога кај сестра му, односно ќерката на Пабло, Мануела се јавила хипотермија. Пабло одлучил да запали 2 милиони долари банкноти со цел да ја затопли.


9. Го добил и прекарот "Робин Худ" бидејќи им делел пари на сиромашните, градел живеалишта за бездомниците, изградил 70 фудбалски игралишта и една зоолошка градина.

10. Склучил договор со Колумбија да биде затворен, но во свој приватен луксузен затвор кој сам си го изградил и го нарекол "La Catedral" - Катедрала (1991).

Како и да е, од тука тој можел непречено да го води својот бизнис и да прима посети. "La Catedral", опремена со фудбалски терен, бавча за скара, поплочено двориште итн. се наоѓала во близина на друг објект кој го изградил за своето семејство. Исто така, на колумбиските власти и полиција не им било дозволено да се доближуваат до неговиот "затвор" во растојание од пет километри.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk