Овогодинешниот IFA Berlin саем веќе се одржа, а од паметните часовници не видовме речиси ништо. И додека Samsung и Apple сè уште до некаде туркаат со новиот хардвер, остатокот од индустријата ги паузираше новите производи сè додека не се утврди како стојат нештата помеѓу потрошувачите, а токму поради тоа најмногу ќе пати Google, односно неговата Android Wear платформа.
Всушност, според последните извештаи од индустријата, трите најголеми Android Wear партнери LG, Lenovo и Huawei не планираат да пласираат нови паметни часовници пред 2017-та година. Од нив три, само LG порано оваа година пласираше нова верзија од својот паметен рачен сопатник што никако не е добро за Google којшто оваа есен планира да го лансира Android Wear 2.0 оперативниот систем.

И самата индустрија за паметни часовници моментално не е во идеална состојба бидејќи ниту еден единствен производител сè уште не успеал да го привлече просечниот купувач. Дури и Samsung призна дека паметните часовници главно ги купуваат само младите мажи на Западот.
Токму затоа и не е воопшто чудно тоа што производителите не се подготвени да вложат милијарди во нов хардвер...

Многумина очекуваа дека токму Apple ќе биде тој на којшто ќе му тргне од рака да ги воведе паметните часовници во мејнстрим водите, исто како што тоа тие го направија и со модерните телефони и таблети, но такво нешто досега не се случило.