Започнува пеколниот развод: Бред Пит е бесен на Анџелина

Точка

21/09/2016

12:26

12.588

Големина на фонт

а а а

Бред Пит наводно збеснал кога Анџелина поднела документи за развод, бидејќи смета дека со тоа ја загрозила приватноста на нивните деца.

Извори блиски до славниот актер велат дека тој бурно реагирал кога видел дека таа во медиумите се обидела да го претстави како лош татко кој има проблеми со контролата на бесот и со консумирање на марихуана и алкохол. Наводно рекол дека неговата сопруга "создала пекол" и дека целото семејство станало мета на папараци.


Во текот на последните неколку дена, Пит разговарал со Џоли и ја молел при разводот да се однесуваат зрело, и да го сокријат деталите од медиумите поради нивните деца, но наместо тоа Анџелина го претставила како татко кој не се грижи за децата и побарала целосно старателство над нив.


"Многу сум тажен поради сето ова, но тоа што е најважно е доброто на нашите деца. Ги замолувам медиумите да им го дадат просторот кој го заслужуваат во овие тешки моменти", изјавил Бред Пит за People.

Нивниот семеен дом е окружен со фотографи, а редовно околу него има и полиција.


Потсетуваме, Анџелина барањето за развод го поднела две години откако се венчале на имот на југот на Франција. Во своето соопштение навела дека тоа го направила поради здравјето во нивното семејство, а во судските документи како причина ги навела "големите разлики".

Парот има шест деца, 15-годишниот Мадокс, 12-годишниот Пакс, 11-годишната Захара, 10-годишниот Шајло, и 8-годишните близнаци Вивиен и Нокс.


Наводно, Анџелина на Бред му кажала дека сака развод само неколку дена пред да ги поднесе документите, твдри Mirror.

Од друга страна, The Sun пишува дека актерката веќе некое време е несреќна и дека константно се карале околу својата иднина.


"Се обиде да го сочува бракот поради нивните деца, но стана тешко да ја гледа иднината со него. Нивните животи се движат во различни насоки. Анџелина сака да биде хуманитарка, додека Бред живее холивудски начин на живот и се наоѓа во некаква криза на средни години", рекол изворот.

Разводот го прокоментирал и таткото на Анџелина Џоли: "Не знам многу за ова, но сигурен сум дека станува збор за нешто многу сериозно. Загрижен сум за Анџелина и децата и се надевам дека ќе ги видам набрзо", рекол тој за DailyCaller.



Спонзорирани линкови

Маркетинг