Овие беа најдобрите мобилни телефони пред паметните телефони

Точка

19/08/2016

18:00

4.175

Големина на фонт

а а а

Овие мобилни телефони денес нема да ги видите во рацете на корисниците, но порано сите ги користевме.

Кога денес зборуваме за најдобрите мобилни телефони на пазарот, повеќето ќе ги спомнат Apple или Samsung. Но, пред времето на овие технолошки џинови, некои други мобилни владееја со пазарот и срцата на корисниците.

Мобилните телефони беа на преклопување, моравме да типкаме на тастатура за да напишеме порака, а батеријата траеше доста подолго.

Иако сите се навикнавме на новата технологија, можноста преку мобилен да плаќаме сметки, да читаме вести и да слушаме музика, многумина со задоволство се сеќаваат на некои култни модели од ерата пред смартфоните.

Nokia 3310 (2000 година)


Се` уште е еден од најпродаваните мобилни телефони на сите времиња. Nokia 3310 ќе остане запомнет како неуништливиот телефон кој го имаа повеќето луѓе.

Овој мобилен телефон има доста карактеристики кои во своето време беа ретки, како калкулатор, потсетник и стоперка.

Nokia N95 (2006 година)


Серијата N95 на Нокиа беше првиот предвесник на денешните смартфони. Тој мобилен особено беше ценет поради своите мултимедијални можности, снимање на квалитетни фотографии и видеа. Камерата беше 5 мегапиксели и беше најмоќна на пазарот.

BlackBerry Pearl (2006 година)


Периодот на зависност од смартфони започна со BlackBerry. BlackBerry денес е речиси исфрлен од пазарот, но BlackBerry Pearl своевремено беше вистински хит. Беше лесен, лесно и брзо се типкаше на него и беше прв во серијата на BlackBerry наменет и за корисници надвор од бизнис светот.

Motorola RAZR (2004 година)


Motorola RAZR за кратко време стана култен телефон поради неговиот кул дизајн. Беше многу тенок во однос на тогашната конкуренција и донесе револуција во дизајнот на мобилни телефони со своето преклопно решение.

Неговиот дизајн беше најголема предност, па стекна голема слава и во филмовите.

Nokia 1100 (2003 година)


Nokia 1100 ги освои корисниците ширум светот и стана најпродаваниот мобилен телефон во историјата. Овој телефон од своето излегување досега е продаден во неверојатни 250 милиони примероци, бројка која денешните модерни мобилни телефони допрва треба да ја достигнат за да ја симнат Нокиа од тронот.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk