Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба

Макфакс

21/07/2016

09:27

966

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во државата.

Ердоган на прес конференција, веднаш по завршувањето на владината седница, рекол дека одлуката е во границите на Уставот, која ќе овозможи превземање на брзи и ефикасни мерки против поддржувачите на имамот Гулен.

Исто така, турскиот претседател рекол дека и покрај тоа што се воведува вонредна состојба дека тоа нема да има „никаков компромис“ на штета на демократијата.

Иако се очекуваше турскиот претседател не соопшти ништо со воведувањето на смртната казна. Ердоган рече дека Парламантот треба да одлучи дали повоторно ќе се воведе смртната казна, а доколку тоа се случи, тогаш мора таквата мерка да се претвори во закон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг