Во овие земји може да патувате само со лична карта

Нетпрес

11/07/2016

11:14

39.510

Големина на фонт

а а а

Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Србија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Со овие четири држави Македонија има потпишано билатерални договори.

Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картички, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.