Ова се 20-те најдобри телефони на светот според Techinsider

Точка

07/06/2016

14:55

6.140

Големина на фонт

а а а

Планирате да купите нов паметен телефон? Погледнете ја оваа исклучително интересна листа. Можеби и ќе ви помогне за да направите правилен избор.

Модерните телефони можеби личат едни на други, користат слични чипсетови, имаат слични спецификации, но дефинитивно постои голема разлика!

Иако листата можеби ќе ви делува познато, некои нешта во текот на изминатите неколку недели и значајно се изменија, при што на новите модели секако треба да им се посвети посебно внимание.

Еве како изгледа листата којашто ја состави Techinsider:

20.BlackBerry Passport


Ова е единствениот паметен телефон на компанијата BlackBerry којшто нуди флегшип спецификации и којшто користи BlackBerry 10 оперативен систем. Квалитетно куќиште, одличен екран, единствен дизајн. Ова е вистински избор за деловните корисници коишто и не се големи обожаватели на Android и iOS уредите.

19.BlackBerry Classic


Ако сте љубител на BlackBerry уредите, но сепак не сакате да одвоите поголема сума за некој водечки модел од оваа компанија, ова е вистинскиот избор за вас. А тука е и единствената BlackBerry тастатура.

18. Microsoft Lumia 950


Ова е уште еден модел за оние на коишто не им се допаѓаат Android и iOS телефоните. За сите љубители на Windows оперативниот систем. Флегшип телефон којшто може да се претвори во вистински десктоп компјутер со помош на опцијата Continuum.

17.BlackBerry Priv


Ова е прв Android телефон на канадската компанија. Поседува хардверска тастатура којашто се извлекува, во комбинација со најпопуларниот оперативен систем на светот.

16.Motorola Moto G3


Телефон од средна класа којшто може да понуди навистина многу. Како на пример водоотпорност. Но, исто така може да понуди и сосема солидни спецификации. Единствен проблем е тоа што може малку потешко да се набави на овие простори.

15.HTC One A9


Телефон којшто е најмногу критикуван поради дизајнот, којшто неодоливо многу потсетува на дизајнот на Apple iPhone. Но, сигурни сме дека неговите технички спецификации и тоа како ќе ве воодушеват. Исто така тој ја користи најновата Android верзија на оперативен систем.

14.iPhone 6 Plus


Модел на компанијата Apple од 2014-та година, прв iPhone телефон со екран со дијагонала од 5.5 инчи. Вистински десерт за љубителите на iOS оперативниот систем, но и на Apple дизајнот.

13.iPhone 6


Уште еден модел на компанијата Apple од 2014-та година. Наменет за сите оние коишто преферираат уреди со помали димензии. И секако, одличните спецификации не изостануваат.

12.OnePlus 2


Иако наскоро не очекува официјално претставување на OnePlus 3 моделот, оние коишто не сакаат да чекаат, но и да издвојат малку поголема сума за новиот модел, минатогодишниот Android на оваа компанија е вистински избор.

11.Motorola Moto X Style


Се работи за флегшип Android уред на компанијата Motorola којшто поради повеќе причини и не успеа нешто особено да се прослави. Ако сакате телефон со единствен дизајн, размислете за овој модел. Иако е малку потешко да го набавите во нашата земја.

10.Samsung Galaxy Note 5


Врвен Android телефон којшто најмногу ќе им одговара на деловните корисници. Нуди грст од опции како и пенкало коешто во одредени ситуации може да ви биде од голема помош.

09.LG G5


Најнов флегшип модел на компанијата LG. Нуди повеќе интересни додатоци коишто кај останатите телефони нема да ги најдете. Колку за пример, телефонот може да го претворите во вистинска професионална камера.

8.HTC 10


Исто така уште еден овогодишен флегшип модел. Врвни спецификации, одличен дизајн, квалитет на изработка на највисоко ниво. Ова е еден уред којшто со сигурност ќе им се допадне на сите љубители на Android оперативниот систем.

7.Samsung Galaxy S7


Телефон којшто уште од официјалното претставување не престанува да привлекува големо внимание. Одлична камера, куќиште од стакло, IP68 сертификат, голема батерија и најновата верзија на Android оперативниот систем. Единствено само цената може да не ви се допадне...

6.Samsung Galaxy S7 Edge


Речиси идентичен како и претходниот модел на оваа листа. Единствената разлика е во капацитетот на батеријата и закривениот екран. А ако цената не ви е важна, можеби би требало да размислите токму за оваа верзија.

5.LG Nexus 5X


За љубителите на чистиот Андроид. Телефонот можеби не е од метал, и можеби не нуди некои единствени опции, но е секако еден од ретките којшто ќе добива редовни софтверски ажурирања. А исто така моментално се продава по исклучително поволна цена.

4.Huawei Nexus 6P


Ова е телефон којшто е исто така наменет за љубителите на чистиот Android. Но и за оние корисници коишто сакаат да поседуваат телефон со врвни спецификации.

3.iPhone SE


Најнов модел на компанијата Apple. Сигурни сме дека веќе сте запознаени со неговите технички спецификации. Ова е телефон за сите љубители на уредите со мали димензии, но врвни перформанси.

2.iPhone 6s Plus


Моментален флегшип модел на американската компанија којшто сите ваши задачи ќе ги заврши без апсолутно никаков проблем. Одличен дизајн, квалитетно куќиште, хардвер од последна генерација. Воопшто не не чуди тоа што привлекува големо внимание кај крајните корисници.

1.iPhone 6s


Како што наведува Techinsider, ова е еден од најдобрите телефони коишто моментално може да се купат. А ние сме сосема сигурни дека голем дел од вас ќе се согласат со ова. Иако веројатно ќе има и такви коишто нема да го поддржат ова мислење.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk