Наскоро вашиот мобилен телефон ќе мора да ве препознае, па потоа да ви дозволи да ја напишете лозинката.
Имено, Google започнува со тестирање на нови методи на најава, која ќе ги замени лозинките со систем кој се „темели на доверба“, систем кој ќе го следи вашето типично користење на паметниот телефон.
Дел од проектот Abacus, наречен "Trust API" е претставен на девелоперската конференција на Google, а во јуни ќе биде тестиран во неколку финансиски институции во САД.

Системот е развиен за користење на паметните телефони и работи така што константно ги проверува бројните лични индикатори кои можат да одобрат пристапт на разни сметки или пак на самиот телефон. Наместо да бара лозинка, телефонот ќе го анализира вашето лице, вашиот глас, начинот на кој што типкате, како се движите и каде се наоѓате.
Сите тие податоци ќе бидат испратени во "API" кој потоа ќе генерира „резултати на доверба“ кој ќе покаже колкава дали вие навистина го користите телефонот, или пак телефонот е кај некој друг.

Целата идеја е уредите да се направат побезбедни. Некој лесно би можел да ја украде лозинката, но би било многу потешко да се имитира единствениот начин на кој што секој од вас го користи телефонот. Google верува дека ваквиот систем би бил десет пати побезбеден од скенирањето на отпечатоците на прстите.
Тестирањето започува наскоро, а Ден Кауфман од Google вели дека оваа технологија би требало да им биде достапна на девелоперите веќе до крајот на годината ако работите се движат во посакуваната насока. Тоа значи дека паметењето на лозинките на сите кроиснички сметки кои што ги поседуваме наскоро би можеле да станат минато.