5 фризури коишто ќе доминираат токму оваа пролет

Точка

08/04/2016

19:11

5.988

Големина на фонт

а а а

Познатиот британски фризер Адам Брејди ви открива кои сè машки фризури ќе бидат апсолутен хит оваа пролет.

Диви бранови

Оваа пролет е во тренд разбушавената, неуредна и дива фризура, па токму затоа ве советуваме да се откажете од терминот кај вашиот бербер. Ако контрастот помеѓу должината на косата од страните и врвот на главата е поголем, вашата фризура ќе делува уште повеќе драматично.

Ваквата фризура може да се постигне многу лесно, а сè што треба да направите е природно да ја исушите својата коса, а потоа да нанесете восок или гел и да си поиграте со стилизацијата и обликувањето според ваша желба.


Модифицирана Цезар фризура

Оваа необична фризура е веќе долго време популарна на модните ревии, а сега пристига и на градските улици. Цезар фризурата бара малку подолга коса на врвот на главата, како полесно би можела да се обликува со текот на потстрижувањето, а должината на шишките би требало да се наоѓа на половина пат помеѓу врвот на челото и веѓите. Стилизирањето на фризурата надополнете го со паста за коса.

Модифицираниот облик на цезар фризура е најдобра за мажите коишто имаат потенцирани јагодици и вилични коски. Кратката брада во комбинација со оваа фризура ќе ви даде впечатлив изглед.

Текстурирана Crop фризура

Овој класичен стил на машка фризура е исклучително популарна и лесна за одржување. Косата потстрижете ја пократко од страните и оставете ја малку подолга на врвот. Со помош на гел за коса обликувајте ја кон позади.

Кроп фризурата особено им се препорачува на момците коишто имаат четириаголно лице, особено ако имате ретка коса, бидејќи во тој случај ќе постигнете ефект на побујна коса.


Фризура со средна должина

Кога косата ќе ви порасне, најдобра опција е да ја насочувате кон назад и зад ушите. Потребно е некое време да се навикнете на боцкањето на косата, но после некое време таа природно ќе се обликува. Овој тип на фризура е тешка за одржување ако имате природно кадрава коса.

Косата добро исушете со крпа, а со тоа ќе добиете дополнителен волумен и облик на фризурата, а потоа нанесете производи за коса на база на вода и ќе постигнете мажествен и секси изглед.

Долга коса

Сите мажи коишто имаат долга коса апсолутно ќе доминираат оваа пролет, бидејќи долгите машки фризури како онаа на Џон Сноу од серијата Игри на престолот се апсолутен хит. Меѓутоа, многу мажи прават грешка и мислат дека за оваа фризура не е потребен особено голем труд.

Шампоните и регенераторите се исклучително важни за одржување на долгата коса, а не заборавајте и да ја перете секој втор ден, особено ако сте физички активни. Ако сакате пак кадрава коса, користете специјални препарати за таков вид на коса.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk