Славната актерка Софија Вергара е позната по своето бујно деколте коешто ѝ задава бројни проблеми, а сега уште една убавица јавно проговори за сите маки коишто ѝ ги донесува животот со огромни гради.

- Во поголемиот дел од случаевите слушам коментари како на црвениот килим постојано носам едни исти комбинации, но јас го познавам своето тело. Моето тело изобилува со облини, а моите гради се како на стриптизерка. Токму затоа секогаш мора да избирам креации коишто им одговараат на моите гради, и верувајте, толку многу се случува под мојот фустан, што на крајот од секоја свеченост крварам, неодамна се пожали Вергара.
Сега за проблемот со големите гради проговори и познатата манекенка Линдси Пелас. Таа наведе и неколку причини зошто големите гради дефинитивно не се практични.
- Наведнувањето и подигањето на предметите од подот претставува особено голем проблем. А проблематично е и закопчувањето на кошулите, бидејќи секогаш постои опасност копчињата да распукаат во најнезгоден и најнеочекуван момент, порачува таа.
Она што особено ѝ пречи е тоа што без оглед на модната комбинација, токму поради своето бујно деколте, секогаш изгледа како порно ѕвезда, а ја нервира и тоа што додека вежба во теретана поголемиот дел од мажите буквално не го тргаат погледот од нејзините гради. Огромен проблем за неа е и пронаоѓањето на соодветен градник, но и ѝ пречи тоа што луѓето најчесто мислат дека нејзините гради се вештачки.
И тоа не е сè! Таа го наведува и проблемот со врзувањето на појасот во автомобилот и непријатната ситуација кога ѝ паѓа храна помеѓу градите...
Сепак, оваа бомбастична русокоса не открива дали можеби размислува за операција за намалување на градите. А веројатно дамите со не толку бујно деколте и не би се согласиле дека бујните гради може да бидат навистина сериозен проблем.