Помеѓу таквите наследнички е и Ава Самбора. Гените на мама Хедер Локлир и тато Ричи Самбора во нејзиниот случај завршиле одлична работа. Новите фотографии од убавата блондинка изгледаат фантастично, а една помеѓу нив ни откри дека Ава е на добар пат да стане одличен модел.
Ава има 18 години и исклучително многу потсетува на нејзината мајка. Уште откако за прв пат се појави во јавност, ја следат натписите дека е буквално како пресликана од нејзината мајка. Неодамна таа стана и заштитно лице на еден бренд за костими за капење.
За медиумите засега таа е најинтересна како ќерка на славниот пар, но ако продолжи со своите модни успеси, набрзо може да се избори и за тоа да стане големо име самата за себе си.
Хедер и Ричи беа во брак 13 години, а се разведоа во 2007-та година, при што Ава е денес во одличен однос и со мајката и со таткото.
И иако од професиите на нејзините родители, актерството и музиката, модата и е сепак попримамлива, таа со нив секако ја споделува љубовта кон јавната сцена.

Ава станува сè повеќе популарна и на друштвените мрежи, што е денес важен показател за нечија популарност.

А мама Хедер? Таа и со 54 години изгледа одлично. Од својот секси стил никако не се откажува, а дали е нејзината убавина во целост природна, пресудете сами.

Приказните дека и таа ѝ подлегнала на пластичната хирургија секако не ја заобиколија. Сепак, оној стар шарм е и понатаму тука. Тој не може да е последица на ниту една операција, а и не може да се надокнади со нешто такво.