Samsung претстави мемориски чипови од 256 GB наменети за паметни телефони

Точка

05/03/2016

14:35

2.752

Големина на фонт

а а а

Паметните телефони наскоро ќе добијат меморија каква што поседуваат персоналните компјутери и тоа благодарение на компанијата Samsung, која претстави мемориски чипови од 256 GB.

Чиповите се базирани на UFC 2.0 технологијата (Universal Flash Storage) и нудат двојно поголема брзина во однос на SSD меморијата којашто се користи за PC, а која е базирана на SATA технологијата.

Според тврдењата на компанијата Samsung, новиот мемориски чип поддржува прикажување на 4K Ultra HD видео записи кај паметните телефони со голем екран, како и мултитаскинг. Тоа значи дека корисникот може да гледа 4K видео запис на едниот дел од екранот, а другиот дел да го користи за сурфање, гледање фотографии, преземање на големи фајлови и слично, што нема да влијае на прикажувањето на видеото.


Сето ова е овозможено благодарение на брзините на читање коишто му овозможуваат на чипот да преместува податоци при брзини од 850 MB/s.

Брзината на запишување е пониска и изнесува 260 MB/s, но од Samsung потенцираат дека сепак е три пати побрза во однос на microSD картичката. Благодарение на USB 3.0 поддршката, трансферот на еден HD филм "тежок" 5 GB ќе биде завршен за 12 секунди.


Сето ова подразбира дека корисниците ќе може на своите паметни телефони да чуваат многу повеќе содржини за разлика од претходно. Колку за пример, UFC чипот на Samsung од 256 GB е доволен за складирање на 47 HD филмови, тоа можеби звучи претерано, но треба да се земе предвид доаѓањето на видео записите снимани под агол од 360 степени.

Samsung своите UFC чипови од 128 GB ги претстави во месец февруари, минатата година.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk