Целосно се завршени работите околу поставувањето на 12 нови бетонски бандери на најтемниот дел кој од улицата "Лука Геров" ,една од главните сообраќајни артерии во општината Ѓорче Петров.
Електричарите од „Дора–донка“ веќе ги поставија и светлечките арматури со што оваа улица конечно ќе биде целосно осветлена. Улицата „Лука Геров“ до сега беше осветлена од надвозникот пред населбата до воениот отпад.
„Овој зафат е од битно значење за жителите од крајниот северозападен дел на населбата „Даме Груев“, но поставувањето на осветлување е секако добредојдено и за стопанските субјекти кои гравитираат кон главната улици. Новопоставеното осветлување има исклучително значење за учениците кој од овој дел на општината учат во основното училиштето „ Страшо Пинџур“ и се движат по оваа улица“, велат од општина Ѓорче Петров.
За реализација на овој проект средствата се обезбедени од општинскиот буџет.