Од Германија депортирани 125 Авганистанци

Макфакс

24/02/2016

14:50

941

Големина на фонт

а а а

Чартер авион со 125 Авганистанци на коишто Германија им ги одбила барањата за азил слетал во средата во Кабул, потег за кој во Берлин сметаат дека треба да го одврати Авганистанците да тргнат кон оваа земја.

Летот на кој се натоварени Авганистанците организиран е во соработка со авганистанските власти, соопшти германското министерство за внатрешни работи. Станува збор за дел од мерките на Берлин да ги одврати Авганистанците од барање азил во Германија, којашто во текот на 2015 година примила околу 154.000 лица од оваа азиска земја.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер го оправда овој потег велејќи дека во Авганистан постојат „сигурни зони“ каде што е можен нормалчен живот. Во текот на неодамнешната посета на Кабул, апелираше до авганистанските власти да соработуваат при враќањето на своите државјани од Германија.

Германското министерство за надворешни работи минатата година покрена телевизиска кампања во Авганистан, за да го одвраќа тамошното население од обидите да се населуваат во Европа.

Владата на канцеларката Ангела Меркел се обидува да го намали приливот на бегалци кој во 2015 година достигна 1,1 милиони. Неодамна објави планови за прогласување на Алжир, Мароко и Тунис за ткн сигурни земји, чиишто државјани не можат да добијат азил во Германија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг