Уставниот суд расправа за измени на Законот за помилување за изборни нерегуларности

Макфакс

24/02/2016

10:17

1.257

Големина на фонт

а а а

Уставниот суд ќе расправа за измени на Законот за помилување со кои на претседателот на државата ќе му се овозможи да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Седницата на Судот започна утрово во 9 часот, а оваа точка е трета на дневниот ред објавен на веб страницата на Уставниот суд.

Во 2009 имаше измени на овој Закон и со тогашните измени претседателот веќе немаше можност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Предлогот којшто е ставен на дневен ред на денешната седница следува по отворањето на случајот „Титаник“ од страна на Специјалното обвинителство во кој осомничени се високи функционери во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.

Сите се товарат за вмешаност во изборни нерегуларности.

Иако Специјалното обвинителство побара притвор за функционерите, Судот го одби предлогот на Обвинителството и ги отфрли жалбите на одлуката на Судот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг