Град без автомобили, пари и политика во којшто многумина би сакале да се преселат

Точка

09/02/2016

13:12

14.905

Големина на фонт

а а а

"Ауровил се стреми да биде универзален град кадешто сите луѓе од сите земји можат да живеат во мир и прогресивна хармонија, без разлика на верата, политичката определба и националноста. Целта на Ауровил е да се реализира единството на човештвото." Мира Алфаса (Mirra Alfassa 1878-1973)

Ауровил или Градот на зората е градот на југот во Индија, којшто е дизајниран од страна на францускиот архитект Роџер Анге (Roger Anger), како во мир и хармонија би живееле луѓето без оглед на политичкиот став, националноста и религијата. Се работи за експериментален проект кадешто секој жител има своја улога, а најголемо внимание се посветува на образованието и развивањето на креативните вештини.



Низ неколкуте фази на разработка, конечниот резултат бил урбанистичкиот проект - Галаксија (Galaxy).


Темелите на Ауровил се поставени во 1968-та година, близу градот Пондичери, во југоисточна Индија, на една сосема непривлечна, гола земја, налик на пустелија. Овој град е основан од страна на "Мајката" Мира Алфаса, и е креиран како жените и мажите би живееле во мир и хармонија, без оглед на националноста и религијата. Инаугурацијата се одвивала околу белата Урна во форма на пупка од лотус, која е сега фокусот на амфитеатарот во близина на храмот Матримандир.

Во тоа време, претставници на народи од 124 светски земји и 23 покраини на Индија, вклучувајќи ја и тогашна Југославија, во оваа мермерна урна поставија по еден грст земја што го донесоа со себе, акт којшто го симболизира Единството на Народите.

Па, ако некој од Македонија оди во Ауровил би било пожелно да понесе грст земја, кој како симбол на македонската земја и народ треба да се постави во Урната.


Иако е оригинално замислено за овој град да биде дом за 50.000 жители, во него денес живеат нешто повеќе од 1.800 возрасни лица и петстотина деца коишто доаѓаат од педесетина различни држави.

Најголем број од жителите се од Индија (околу 1.000), а повеќе стотина жители доаѓаат од Франција, Германија и Италија. Во шареноликото друштво се наоѓаат и значаен број на Американци, Руси, Шпанци и Швеѓани, но и неколку Јапонци, Кореанци, Австралијанци и шест лица од Словенија.


Градот е делумно финансиран од донации, а се храни главно со органски производи коишто се одгледуваат самостојно. За живот заработуваат произведувајќи канцелариски материјали и мирисни стапчиња коишто се продаваат во соседните села и градови. Во некои сегменти организацијата е слична со онаа во градот Мариналеда којшто се наоѓа на југот од Шпанија и којшто претставува град без невработеност и полиција, или еден вид на "демократска утопија".

Хартиени пари и монети тука не постојат, а сите жители се служат со електронски сметки и дебитни картички за купување и размена на добра. Освен тоа, секој жител издвојува дел од своите сретства за заедницата, како сите би можеле да ги подмират основните животни потреби. Во овој град нема автомобили, а главно превозно сретство е мотоциклот.


Овој град е автономен и не му одговара никому, па неговите жители не се оптоваруваат воопшто со никаква внатрешна, ниту надворешна политика. Секојдневно се посетува храмот Матримандир во срцето на градот, во којшто луѓето се препуштаат на исполнување на внатрешниот мир низ јога и медитација. Ова е вистински рај за сите хипици.

Ауровил е под заштита на УНЕСКО од 1966-та година, а од Генералното Собрание доби едногласна поддршка во 1968-та, 1970-та, 1983-та и 2007-та година.


Повеќе за овој град може да дознаете и на нивната официјална веб страница, http://www.auroville.org/.