Две возила во Штип и три возила во Скопје биле запалени во последните 24 часа.
Во Скопје на улица Финска бил запален автомобил „форд фокус“ во прeдниот дел од хаубата, по што пожарот се проширил и зафатил уште две паркирани возила.
Во Штип, пак, утрово околу 5 часот биле запалени две возила „ауди А4“ и „фиат брава“, паркирани на улица Никола Карев.
Пожарите се локализирани и се утврдуваат причините.
Во Штип, пак, утрово околу 5 часот биле запалени две возила „ауди А4“ и „фиат брава“, паркирани на улица Никола Карев.
Пожарите се локализирани и се утврдуваат причините.