Сите ние знаеме кој е Хенри Форд. Авторот на прочуениот автомобил, моделот T, и продажниот слоган "Може да го добиете во било која боја се додека сè работи за црната" – е еден од претприемачите којшто претставува синоним за успех.

Многумина го поврзуваат со негативни одредници – антисемитизмот во подоцнежниот период од животот и експлоатацијата на работниците, но како и што вообичаено е случај – нештата не се секогаш исклучително само црно-бели. Па така, овој претприемач истовремено бил и многу прогресивен и помеѓу првите коишто ангажирале Афроамериканци, жени и инвалиди.
Иноваторот којшто работел под слоганот "Најдобар можен производ за најниска можна цена", направи Америка да биде нација на автомобили и во еден момент повеќе од половина американски семејства поседувале токму негов автомобил.
Какво и да е вашето мислење за Хенри Форд, дефинитивно ќе се согласите со неговите моќни зборови.

"Не барајте грешка, барајте лек."
"Неуспехот е шанса за повторно да почнете, овојпат на попаметен начин."
"Без разлика дали мислите дека нешто можете, или не можете – во право сте."
"Секој којшто ќе престане да учи е стар, без разлика дали има дваесет или осумнаесет. Секој којшто продолжува да учи останува млад."
"Работодавецот само ги предава парите – клиентот е оној којшто им дава плата на вработените."
"Размислувањето е веројатно најтешката работа којашто постои. Тоа е веројатно и причината зошто толку мал број на луѓе се впуштаат во размислување."
"Единствена вистинска грешка е онаа од којашто ништо нема да научите."
"Не можете да градите репутација врз основа на она што планирате да го направите."
"Ако постои тајна на успехот, таа лежи во способноста да ги гледате нештата од туѓа перспектива и да ги гледате подеднакво добро како од својата."
"Ентузијазмот е квасец којшто чини вашите надежи да заблескаат со сјајот на ѕвездите."

"Визијата без исполнувања е халуцинација."
"На светот не постои човек којшто не е способен да направи повеќе отколку што мисли дека може."
"Бизнисот којшто не креира ништо освен пари е лош бизнис."
"Никој не знае доволно за да пресуди што е можно, а што е со сигурност невозможно."
"Бизнисот којшто ѝ е апсолутно посветен на услугата ќе има само една грижа, а тоа е – заработката. Ќе биде срамно голема."
"Не мора да имате позиција за да бидете лидер."
"Квалитетот значи да се работи исправно, дури и кога никој не гледа."
"Да направите повеќе за светот, отколку што светот чини за вас – тоа е успех."

Колку е важно да се остане во процесот на учење и да се делува со племенити намери е сосема јасно од наведените мисли на Хенри Форд.
Ако сакате на вистинскиот начин да работите на себе си, трудете се да стекнете деловни вештини и негувајте ги само вистинските вредности. Во таков случај, успехот со сигурност нема да изостане!