Дрвен велосипед за стилско урбано возење

DesignMK

15/12/2015

16:23

1.176

Големина на фонт

а а а

Велосипедот "Bonobo" е како измислен за урбаните велосипедисти што сакаат да се возат удобно и со стил низ градските улици.

Со свиткана рамка изработена од фурнир, лесен и цврст материјал што ги апсорбира вибрациите, „Bonobo“ е спој од технологија и од природа.

Создаден за тркалање низ градовите, неговата геометриска конструкција овозможува порелаксирано држење на телото, а со тоа и поголемо уживање во возењето. Составните делови се внимателно одбрани со цел финалниот производ да биде едноставен и лесен за одржување. Автор на ова велосипедско ремек-дело е младиот полски дизајнер Станислав Плоски.