Позната македонска пејачка е причина за двојното убиство во Грчец?!

Точка

04/12/2015

14:38

18.203

Големина на фонт

а а а

Според неофицијални информации коишто ги пренесе "Вечер", главна причина за ликвидацијата во Грчец била расправијата помеѓу Нуиши и Љатифи којашто настанала поради познатата пејачка Аделина Тахири.

И покрај тоа што расправијата датирала уште од порано, пред неколку дена тие повторно влегле во конфликтна ситуација, којашто довела и до смртни последици.

Двете момчиња од Грчец завчера беа ладнокрвно убиени, додека нивниот пријател се спасил буквално "за влакно", откако во нив пукал соселанец поради расправија во којашто била вмешана наша позната пејачка.

Осомничениот за убиството е всушност осуден дилер на дрога којшто е во бегство уште од месец јуни, а по кој, дали случајно или намерно, никогаш не била распишана потерница, ниту било известено Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот во селото Грчец се случил завчера околу 23 часот на влезот на селото, кога во автомобил марка "Mercedes" биле Небуш Нуиши, внук на Арслан Нуиши, познат криминалец познат по прекарот Бос, којшто некогаш беше осомничен за атентатот врз претседателот Глигоров, како и неговите пријатели Мутерзани Неќани и Ајрула Мумин. До нивниот автомобил застанал друг автомобил во кој што бил убиецот, Љатифи Зекирија, Зеко, исто така од селото Грчец.

Според информациите коишто ги пренесе "Вечер", во неговиот автомобил бил и неговиот брат Абдураман, а полицијата се сомнева дека имало и трет човек којшто седел на задната клупа во автомобилот.

После кратко време Зекирија излегол од автомобилот и со калашников се доближил до автомобилот во којшто биле трите момчиња и започнал да пука во нив. Нуиши бил убиен на лице место во џипот, додека Неќани починал на пат кон болница. Мумин пак успеал да се спаси буквално "за влакно", бидејќи добил прострелни рани само во пределот на нозете.

Зекирија потоа влегол во својот автомобил и побегнал во непознат правец. Селаните коишто биле сведоци на оваа крвава драма, веднаш повикале полиција и Итна медицинска помош и се обиделе да им помогнат на момчињата. Според нивните зборови, глетката била страшна, бидејќи буквално фалеле делови од телата на изрешетаните момчиња.


Според неофицијални сознанија на "Вечер", причина за убиството била расправијата помеѓу Нуиши и Љатифи околу познатата македонска пејачка Аделина Тахири, којашто датирала уште од порано, но пред неколку дена тие повторно влегле во конфликт којшто довел до завчерашниот инцидент.

Во моментов полициските тимови трагаат по браќата Љатифи, при што во меѓувреме извршиле претрес во нивните домови, но не ги нашле ниту нив, ниту пак нивното оружје. Во случајов се работи за криминалци, против кои се поднесувани повеќе кривични пријави и коишто се осудувани на затворски казни.

Братот на Зекирија, Абдураман, во моментов се бара со централна потерница од МВР, и тоа бидејќи е правосилно осуден на затворска казна поради трговија со дрога, додека Зекирија е фатен со 36 пакувања кокаин, за што добил четири и пол години казна затвор.

Сепак, иако тој немал издржано ниту половина од својата казна, во месец јуни оваа година, управата на затворот Идризово добила допис од Министерството за правда за прекин на издржувањето на неговата казна во времетраење од еден месец, поради лекување.

Откако бил пуштен од затвор, после еден месец Зекирија не се вратил во Идризово, а по него, заклучно завчерашниот ден, не била распишана потерница иако побегнал од затвор.

Според извори на "Вечер", скопските Алфи набрзо успеале да го лоцираат во Скопје при што ги откриле местата каде што тој престојувал и се криел, а ги пронашле и возилата коишто тој ги употребувал.

Директорот на "Идризово", Живко Пејковски, тврди дека добил одлука од министерот за правда, Аднан Јашари, за прекин на казна во траење од еден месец за дилерот од Грчец.

- Лицето е пуштено на 18.06.2015 година според одлука на министерот за правда и требаше да се врати за еден месец, но не е вратено. Уште наредниот ден ние го известивме судот дека осуденото лице не е вратено од прекин на казната, објаснува тој.

Од скопскиот Кривичен суд пак било одговорено дека проверуваат дали и кога биле известени за бегството на Љатифи и што преземале околу тој случај, при што најавиле повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Засега секако останува нејасно како и по четири месеци од бегството ниту една надлежна институција не презела ништо во врска со бегството на криминалецот од Грчец, и како тој успеал да остане на слобода, без распишана потерница.