Но, во последно време во светот на здравјето и нутриционизмот, сè почесто се говори за маслото од оригано.
Зошто токму ова масло е толку многу популарно?
Истражувањата спроведени од страна на американското Министерство за земјоделие покажаа дека ориганото има два до три пати поголемо антиоксидативно делување за разлика од останатите билки – од јаболкото дури 42 пати повеќе, од компирот 30 пати, од портокалот 12, а 4 пати повеќе во однос на боровницата.
Маслото коешто се добива од оваа билка е познато како најсилен растителен антисептик.
Она што е важно да се потенцира дека тука не се говори за масло од оригано коешто се добива од ливчиња од диво оригано, значи не од истото она коешто сите ние сме навикнати да го користиме како обврзен зачин за пица и други медитерански јадења.

Дивото оригано расте на големи надморски височини (1.500 – 2.000 м) и не се употребува како зачин. Некои од благотворните дејствија на ова масло се:
Против забоболка
Маслото од диво оригано ефикасно ја ублажува забоболката убивајќи ја бактеријата којашто ја предизвикува болката. Нанесете масло директно на инфицираниот заб. Повлекувањето на непцата и херпесот исто така може да се излечат така што неколку капки ќе нанесете на инфицираното непце со чисти прсти или може да нанесете некоја капка на четката за заби пред да ги миете забите. Со редовна примена значително ќе се подобри вашето орално здравје и хигиена. Херпесот во усната празнина може ефикасно да го отстраните со испирање на усната празнина со комбинација од масло од диво оригано и вода, или со директно нанесување на малку разредено масло на болното место.
Антибактериски својства
Многубројни студии потврдија дека маслото од диво оригано е моќен борец против инфекции, првенствено благодарение на состојката којашто се нарекува карвакрол. Само мала доза од ова масло има неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови на бактерии.
Против алергии
Маслото од диво оригано содржи рузмаринска киселина, којашто е силен антихистаминик и помоќен антиоксиданс од витаминот Е. Најчесто се користи во лечење на алергиски реакции, бронхијална астма, ревматоиден артритис и гингивитис, така што дури и самото инхалирање со ова масло помага при алергии.
Ги штити видот и слухот
Антиоксидативните својства на маслото од диво оригано се благотворни и за долготрајно сочувување на здравјето. Тие нè штитат од слободните радикали и го корегираат веќе настанатото оштетување на клетките. Познато е дека антиоксидансите го забавуваат процесот на стареењето, штитат од рак, го спречуваат губитокот на видот и слухот, нервните пореметувања и многу други видови на болести коишто се во тесна поврзаност со делувањето на слободните радикали.
Спречува габични инфекции на ноктите и кожата
Поради своето антивоспалително дејство, маслото од оригано има своја примена и кај габични и бактериски инфекции. Разредете 30 до 50 капки масло од оригано во 100 мл масло за јадење. Намачкајте два пати дневно мало количество од маслото на критичните региони.
Помага при спортски повреди
Ова масло ги олеснува грчевите и болките во мускулите и го забрзува зацелувањето на повредите, а неговите противвоспалителни својства воедно прават да биде и моќен лек за артритис.
Прва помош при убоди од инсекти
Маслото од диво оригано има моќ да ги неутрализира отровните убоди од инсектите и исто така е корисно за спречување на инфекции, намалување на воспаленијата и болките од убодни рани и гризнувања од животни.
Како се користи маслото од диво оригано?
Препорачаната доза е 1 до 4 капки три пати дневно. Тоа значи дека максимумот е 12 капки дневно, но никако не би требало да ги земете одеднаш. Маслото од диво оригано има исклучително интензивен вкус, па мора да се разреди со вода или сок, или пак да се консумира во форма на пилула, но никако не смее да се пие чисто.
Кое масло е најдобро?
Најважно на што треба да посветите внимание при купувањето на масло од диво оригано е количеството на карвакрол бидејќи токму од таа состојка зависи антимикробната ефикасност на маслото. Важно е да погледнете дали маслото од диво оригано е веќе разредено, што е исклучително чест случај. Ако е така, тоа е доста послабо и ќе трае покус временски период. Затоа најдобро е да си набавите чисто етерично масло, од органско потекло, без било какви додатоци.