Францускиот тајкун и поранешен претседател на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј Бернард Тапи(72) мора да врати 400 милиони евра откако го загуби судскиот спор во кој од француската држава бараше отштета од милијарда евра.
Во последното поглавје од судскиот спор што трае повеќе од 20 години, парискиот Апелационен суд пресуди дека Тапи не бил измамен кога во 1993 година ги продавал акциите на Адидас, па според тоа нема право на финансиски надомест.
Тапи бараше милијарда евра од државата тврдејќи дека тогаш државната банка Credit Lyonnais го измамила намерно намалувајќи ја цената на акциите на Адидас. Но, наместо отштета, судот пресуди дека Тапи и неговата сопруга мораат да вратат 400 милиони евра колку што добиле со пресудата од 2008 година.
Токму заради посредувањето во спорот меѓу тапи и Credit Lyonnais е обвинета и шефицата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Кристин Лагард. По истрагата што траеше повеќе од 20 месеци, Лагард, која тогаш беше француска министерка за финансии, сепак, беше ослободена од обвиненијата.
Адвокатот на Тапи најави продолжување на правната битка, порачувајќи дека ова пресуда е ‘одрекување од правдата’. Од другата страна францускиот министер за финансии Мишел Сапин ја поздрави пресудата.
Тапи го купи Адидас во 1989 година за 1,6 милијарди франци, а го продаде во 1992 година за 2,085 милијарди франци на група инвеститори, меѓу кои беше и банката Credit Lyonnais. Но, речиси истиот ден Адидас е препродаден на друг инвеститор за 3,5 милијарди франци. Тоа е таа разлика од милијарда која Тапи се обидуваше да ја поврати.
Бернард Тапи е поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј кој 90-сеттите години на минатиот век беше вмешан во голем меѓународен скандал со местење на натпревари, поткупување на сведоци и затајување данок, заради што во Франција беше правосилно осуден на затворска казна.