Движењето "како келнер" може да се вежба и со тегови, а одлично е за развивање на стабилноста на целокупниот труп. Оваа вежба одлично се вклопува со сите останати вежби од кружниот или интервалниот тренинг.
Тренерите веќе долго време укажуваат на тоа дека вежбите со оптоварување при движење се важни за развојот на сите мускули на телото, при што општо ја подобруваат функционалноста и здравјето на локомоторниот систем. Освен тоа, може да помогнат и ако се борите со вишок на килограми.
Оваа вежба се изведува така што теретот се носи над главата во една или две раце и телото се движи во одредена насока, одреден временски интервал.
- Подигнете ја раката во која што го носите теретот и стабилизирајте го рамото.
- Раката треба да биде потполно испружена во лактот, внимавајќи зглобовите да останат во рамнотежна позиција.
- Стегнете ги стомачните мускули и одржувајте ги грбот и целиот труп во исправена позиција.