На Македонската берза во четвртокот беа склучени 60 трансакции во вкупна вредност од 5,2 милиони денари, од коишто 4,8 милиони беа со акции.
Со промет од 1,5 милиони денари, акцијата на „Алкалоид“ АД Скопје убедливо доминираше на денешното тргувањето и воедно беше единствената акција со милионски промет. Од почетната цена 5.249 денари, на крајот на денот истата заврши на 5.300 денари при што беа реализирани 300 акции.
Вкупниот број хартии од вредност со кои во четвртокот се тргуваше на МСЕ изнесуваше 16. МБИ10 падна за 0,27 отсто и денот го заврши на ниво од 1.730,06 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет.
Во текот на трговскиот ден „Македонски Телеком“ ги објави деветмесечните неревидирани финансиски извештаи за 2015 година, во кои е прикажана добивка од 964 милиони денари. Денеска финансиските извештаи ги објави и „Охридска банка“ која за првите девет месеци остварила добивка од 370 милиони денари, што претставува двојно повисок резултат во однос на истиот период минатата година.
Енергетската компанија „Макпетрол“, пак, објави негативен финансиски резултат од 129 милион денари, што претставува значително влошување во однос на ланските 34 милиони денари загуба за истиот период. Заклучно со третиот квартал, претставникот на фармацевтскиот сектор „Реплек“ АД Скопје остварил добивка од 60 милиони денари.
Прва на листата победници се најде акцијата на „Адинг“ АД Скопје со пораст од 7,41 отсто, и тоа преку само 100 истргувани акции, додека акцијата на „Бетон“ АД Скопје се најде на второто место, со пораст од речиси 3 отсто. На спротивната страна, пак, прва беше акцијата на „Реплек“ АД Скопје со пад од 3 проценти.