Путин: Навистина не ми е јасно зошто САД не сакаат дијалог

Точка

16/10/2015

14:30

1.849

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека не може да сфати зошто Американците не сакаат директен дијалог за ситуацијата во Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Соединетите Американски Држави, одбивајќи дипломатски ангажман, очигледно е дека не сакаат да преговараат за ситуацијата во Сирија.


„Навистина не ми е јасно како нашите американски партнери можат да ја критикуваат Русија и нејзините противтерористички напори во Сирија, додека истовремено одбиваат директен дијалог во врска со прашањето на клучна тема - политичко решение“, изјави Владимир Путин.


Имено, Путин овој коментар го даде откако администрацијата на американскиот претседател Барак Обама одби да ја прими руската делегација предводена од рускиот премиер Димитриј Медведев. Од САД порачале дека не можат да ја примат делегацијата со која што требаше да разговараат за ситуацијата во Сирија - се додека Русија не престане да ја поддржува власта во Дамаск.

„Верувам дека оваа позиција не е конструктивна. Очигледно е дека слабоста на оваа позиција произлегува од недостатокот на агендата и се чини дека Американците немаат за што да дискутираат“, заклучи рускиот претседател.


Спонзорирани линкови

Маркетинг