Видео записот кој што следи ќе ве убеди дека ниту едно парче облека не е доволно старо за да го фрлите. Од старата облека може да направите нови нешта, а еве и неколку добри идеи.
Овојпат ќе ви покажеме што сè може да направите од старите џемпери. Најпрво, изберете некое старо парче облека кое што повеќе не ви е потребно, земете ги ножиците и исечете дел од старата облека.
Проверете колку голема ткаенина ви е потребна за една нова шарена капа.
А потоа со ножичките и скројте ја капата.
Исечените делови спојте ги со лепак во едно, или пак може да употребите игла и конец.
Од ракавите на џемперот пак може да си направите и грејачи за нозе. Всушност, ниту еден дел од материјалот не мора да се фрли.