Кој е човекот, а кој животното? Во штипско Карбинци буквално се изживуваат со врзан волк на смрт!

Точка

25/09/2015

01:16

10.735

Големина на фонт

а а а

Приложениот видео запис дефинитивно не го препорачуваме ако имате слаб желудник, но и на било кој нормален човек би му се "превртеле" цревата кога ќе ги види среќните лица на "ловџиите" кои што уживаат додека го боксираат, тепаат, се изживуваат и му ставаат цигари во ноздрвите на волкот кој што умира.

Дали е ова пример за ловџија? Дали е ова воопшто пример за човек? Ова може единствено да биде пример за монструми за кои што се надеваме дека ќе лежат во затвор, "луѓе" за кои што се надеваме дека ќе ги стигне правдата за ваквите грозоморни дела.

Секако дека ова не е единствениот волк кој што, според ланецот на исхраната, се храни со овци и други животни, постојат уште многу такви, но крвнички да се измачува, иако се гледа дека е веќе пред смрт, тоа е веќе нешто сосема поинакво!

Видео записот содржи вознемирувачка содржина!



Всушност, после ова треба да се запрашаме дали Штип сè уште важи за најпатриотски град во Македонија, бидејќи овој човек, кој што очигледно сметал дека е "огромна чест и задоволство" да се тепа врзано животно пред смрт, е пример за вистински насилник, a не патриот.


Во прилог ви го пренесуваме и писмото на Анима Мунди во врска со овој грозоморен настан:

Почитувани новинари,Приложуваме видео клип од штипско Карбинци превземен зачуван од веб порталот Мотика каде локални на...

Posted by Anima Mundi - здружение за заштита на животни on Thursday, September 24, 2015


А дека ова не е ниту прв, ниту последен пат за овие нелуѓе да прават вакви грозоморни чинови, доказ се и нивните фотографии, кои се веројатно и нивна гордост (ако може да заклучиме според нивните среќни лица), со кои што докажуваат како (свесно, човечно, хумано?) се однесуваат со заловените животни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг