Отворен првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните

Макфакс

21/09/2015

12:36

794

Големина на фонт

а а а

Здружението за заштита на животни Анима Мунди го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните во Република Македонија.

„Во услови кога насилството врз животните е сеприсутно во нашето општество преку Центарот ќе се обидеме да влијаеме на јавната свест и промовираме хуманост, но и да обезбедиме конкретни услуги за превенција/евиденција /санкција на насилството врз животните, кое, доколку не се перципира и третира со сериозност, ескалира во сите сфери во нашето општество и го деградира нашето живеење“, велат од Анима Мунди.

Центарот е лоциран во ТЦ Бисер (на први кат), и е овозможен благодарение на програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг