Фотографијата од автомобилот е направена пред два дена во Делчево.
На фотографијата се гледа фамозното Ferrari кое што дваесет и петгодишниот Т.Ц. од Македонска Каменица го изнајмил од рент-а-кар компанија во Швајцарија, а потоа и нелегално си го донел во Македонија, и покрај фактот што немал дозвола за да го вози на овие простори, со тоа причинувајќи ѝ штета на компанијата од над 70.000 евра.

