2 модни гафа во 30 минути: Ријана повторно се надминува самата себе

Точка

08/09/2015

12:39

10.177

Големина на фонт

а а а

Ријана е позната по својот карактеристичен, но и ексцентричен стил на облекување. Нејзините модни комбинации секогаш одново нè изненадуваат, но понекогаш, во желбата да покаже нешто ново и поразлично, на пејачката ѝ се случува и по некој моден гаф.


Ријана за едно вечерно излегување одбрала едноставно, темно сино фустанче со длабоко деколте кое го зачинила со најголемиот моден зачин. Имено, станува збор за елегантни високи потпетици кои имитираат мрежести чорапи, направени од долги кожни ленти кои се испреплетени речиси до препоните.


Иако потпетиците – чорапи се многу ефектен детал, популарната пејачка прилично неудобниот моден додаток успеала да го држи под контрола само половина час.


Имено, лентите кои биле врзани во должината на нејзините нозе, многу брзо почнале да се лизгаат од нејзините бедра. Но, интересните сандали не биле нејзиниот единствен проблем.


Ријана имала мака и со белите налепници за гради, кои се направени за модни парчиња со длабоко деколте, а кои веќе после неколку чекори на пејачката се појавиле на површина и го уништиле впечатокот за фустанчето.