1. Го чисти организмот
Чаша топла вода промешана со сок од лимон, наутро на празен желудник, делува како чистач на вашето тело. Лимонот е диуретик кој ги исфрла токсините од телото и го зајакнува имунолошкиот систем.
2. Против стареење
Водата во комбинација со сок од лимон го намалува производството на слободни радикали кои што се одговорни за стареење и оштетување на кожата. Пијте вода со лимон, бидејќи содржи антиоксиданси кои ќе ви помогнат за да го задржите младешкиот изглед.
3. Ги одржува јаболката свежи
Ако сакате кришките од јаболка да останат подолго време свежи и да спречите да добиваат кафеавкаста боја, врз нив налејте малку сок од лимон.
4. Освежувач
Лимонот е совршена природна состојка со која што може да го освежите домот. Промешајте сок од лимон, рузмарин и ванила и ќе добиете совршен еко-освежувач за вашиот дом.
5. Го подобрува процесот на варење
Сокот од лимон има слична структура како и желудечната киселина. Освен тоа, сокот од лимон помага во ослободување на желудечните сокови. Сето ова влијае на варењето и помага против надувување.