Убијци, дилери, силувачи: Во најдобриот затвор во Србија, лежат 300 најлоши затвореници

Точка

12/08/2015

16:15

13.769

Големина на фонт

а а а

Во најмодерниот српски затвор, кој повеќе наликува на хотел и претставува желба за многу осуденици, сместување пронајдоа 300 од нив, помеѓу кои има масовни убијци, најлоши педофили, дилери на дрога...

Управникот на затворот именуван како "Нова Скела", во Падинска скела кај Белград, Милан Павловиќ, објаснува дека постојат две групи на затвореници, поголемиот дел со казни од над 15 години, но и такви кои имаат помали казни, но правеле проблеми во другите затвори.


Во овие жешки денови Управата одлучи железните врати на ќелиите да бидат отворени, за воздухот да може да струи низ решетките.


Кога би имале можност да направите обиколка во овој затвор, ќе ве пречекаат погледите на најсуровите луѓе во Србија од кои ќе ве делат два километри челични шипки, 300 камери и околу 150 посебно обучени чувари.

Социјалните и економски разлики во затвоорот се позабележливи отколку на слобода. Во некои ќелии на пример, може да забележите најмодерни конзоли за видео игри, додека некои ќелии немаат ниту основни услови.

Тоа го потврдува и Ерик Ахметовиќ, еден од затворениците кои поразговарал со новинарите на српски Блиц. Тој спаѓа во групата со пократки казни, бидејќи е осуден на шест и пол години поради дрога.


- Оние кои немаат, главно нема да побараат од вас, но во нивните очи се гледа осудата и зависта. Овде е инаку, одлично, бидејќи во другите затвори е најчесто пренатрупано, вели Ахметовиќ.

Затворската урава не ги објавува имињата на затворениците, но новинарите на Блиц споменуваат неколку за кои што се знае дека се во "Нова Скела".



Па така, сместување во двокреветна соба со решетки, но и кабелска телевизија, топла вода, и можност за користење на сликарско ателје, спортска сала, вежбалница и љубовна соба, се нашле Малиша Јефтовиќ, убиецот на Катарина Јанковиќ (3) и Драган Николиќ Чомбе, убиецот на Тамара Ивановиќ (13).


Освен тие двајца, во овој затвор се и затворениците кои што отслужуваат и најтешки казни од 40 години, кои се вкупно 72 лица во Србија.


Тука се сместени и Ненад Илиќ, непосреден убиец на четири члена на СПО на Ибарската магистрала, но и Бранислав Безаревиќ, припадник на БИА кој продал податоци за движењата на премиерот Зоран Ѓинѓиќ на неговиот убиец...

Првиот затвореник

Рашид Сакиќ, синот на пејачот Синан Сакиќ е првиот затвореник кој што дошол во затворот "Нова Скела", во месец февруари, 2012-тата година. Тој бил првобитно осуден на 12 години затвор, бидејќи го убил Драгољуб Деспотовиќ и се обидел да го ликвидира и Радомир Лазиќ, на 22-ри мај во 2002-рата година.

Конфликтите помеѓу затворениците се исклучително ретки, дури и педофилите кои што никаде не се прифатени, тука се најбезбедни.

- Тука најчесто избиваат конфликти помеѓу цимерите. Најтежок инцидент од таков тип била тепачката помеѓу четворица која што веднаш била прекината. Имало и повеќе самоповредувања, а едно од последните било и најопасно бидејќи се повредени и тројца чувари. Тие го спасиле затвореникот кој што лежел под креветот, кој потоа го запалил, вели шефот на обезбедувањето Кристијан Ѓујиќ.


Овој затвор е предвиден за околу 400 затвореници, има 222 ќелии, четири љубовни соби, но спортски терени на кои што би им позавиделе многу училишта.




Сето тоа чинело околу 10 милиони евра.

Имаат и приватен лекар

За затворениците се грижат и лекари, помеѓу кои е и овој стоматолог, која објаснува дека осудениците ангажираат и приватни стоматолоци или лекари кои што доаѓаат и кого сами ги плаќаат.


Без чекање, на најмал знак на тегоби, тие одат во амбулантата, а во случај таму да не може да се заврши сè што е потребно, тие се префрлени до Ургентниот центар или Военомедицинската академија.

Правила

● 2 пакети месечно до 10 килограми
● 1 користење на љубовна соба во два месеци до три часа
● 1 посета и пакет повеќе месечно за добро однесување
● 2 часа дневно прошетка во дворот
● 4 до 8 часа работа во кујна, работилница за изработка на коверти, перална...
● 3 оброци во ќелиите
● Будење во 6.30
● Легнување во 21.30




Спонзорирани линкови

Маркетинг