Пронајдено телото на старецот исчезнат по невремето во Тетово

Макфакс

06/08/2015

09:34

1.898

Големина на фонт

а а а

Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавата што во понеделникот го зафати тетовскиот регион, потврди тетовската полиција.

Според членови на неговото семејство, тој непосредно пред невремето заминал да ги пасе овците над Голема Речица.

Телото е најдено неколку километри низводно, на ливада.

Со тоа бројот на загинати во невремето во тетовско се зголеми на пет.

Сè уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.

Во невремето животот го изгубија уште три деца и уште еден старец.