Турските власти го потврдија идентитетот на бомбашот самоубиец во Суруч

Макфакс

22/07/2015

14:49

1.193

Големина на фонт

а а а

Турските власти официјално во средата го идентификуваа 20-годишниот Турчин како извршител на самоубиствениот бомбашки напад која го припишуваат на џихадистичката група Исламска држава во кој во понеделникот во градот Суруч во покраината Шанлиуфра на самата граница со Сирија загинаа најмалку 32 лица и стотина беа ранети.

„Врз основа на ДНК анализата може да потврдиме дека сторител на нападот е дваесетгодишник по потекол од југоисточниот град Адијаман“, изјавил извор од турските безбедносни служби за дневниот весник Hürriyet, додавајќи дека станува збор за бомбаш самоубиец поврзан со Исламската дражва.

Најмалку 32 политички левичарски активисти и доброволци загинаа од вкупно 300-те кои во понеделникот претпладне од Федерацијата на здруженијата на социјалистичката младина (SGDF), претежно турски Курди, кусо пред тие да ја минат границата и да помагаат во обновата на курдскиот сириски град Кобане, разорен во повеќемесечната опсада на џихадистите.

Момчето чијшто идентитет е објавен под иницијалите С.А.А., медиумите во меѓувреме ја објавија неговата лична карта најдена на местото на злосторството од која се гледа дека станува збор за лице Сејх Абдурахман Алаѓоз, пред само два месеца ѝ се приклучил на Исламската држава.

Мајката на момчето Семире Алаѓоз, изјавила за турските медиуми дека нејзиниот син заминал во „странство“ пред шест месеци и се вратил само десет дена пред таа да го загуби контактот со него во понеделникот, во периодот по експлозијата во Суруч.

„Тие не кажаа каде заминаа и каква работа вршат. Не знам како се нашол во Исламската држава. Тој беше добро момче“, рекла мајката додавајќи дека и помалиот врат Јунус, исто така, е исчезнат.

Само неколку часа по нападот, турскиот премиер Ахмет Давутоглу одговорноста за масакрот во Суруч им ја припиша на џихадистите од Исламската дражва, кои цела година контролираат големи делови од Сирија и Ирак, како и голем дел од 900 километри долгата турско-сириска граница.

Во средата претпладнето гувернерот на покраината Шанлиуфра, Изетин Кучук за медиумите изјави дека во југоисточниот град Чејланпинар, исто така, на границата со Сирија, биле пронајдени телата на двајца мртви полицајци, застрелани со истрели во главата.

„Сé уште не знаеме дали овој случај поврзан со тероризам“, изјави Кучук за турските медиуми. Според привичните податоци од истрагата, телата на двајцата припадници на безбедносните сили се пронајдени во иста куќа.

Во вторникот дневниот весник Hurriyet повикувајќи се на извори во турското разузнавање дека Националната разузнавачка агенцијa (MIT) ги предупредила безбедносните сили дека се можни напади од припадници на Исламската дражва во периодот од 22-ри јуни до 3-ти јули. Изворот рекол дека во неколку наврати биле предупредувано дека најмалку седум борци на Исламската држава, кои илегално влегле во Турција, планираат да извршат смртоносни напади врз разни цели во земјата.

Меѓу овие имиња на листата можни џихадистички атентатори фигурирале и имиња на три жени. Весникот Habertürk, пак, ги идентификуваше нив како Фадиме Курт, Озлем Јилмаз и Нурај Демирел, како можни извршителки на бомбашки напади во Турција.

Вештаците од судските медицина за Hürriyet изјавиле дека работат на идентификација на деловите од распарчените тела, „освен на едно коешто е целосно разнесено“. Меѓу сé уште неидентификуваните 32 тела, се смета дека се наоѓаат и на жените осомничени дека помагале во атентатот.

Уште во септември 2014 година турските медиуми пишуваа дека ново појавени исламски здруженија вршат регрутација на борци за Исламската држава меѓу Турција. Досега се проценува дека повеќе стотици турски државјани им се приклучиле на џихадистите во Сирија, поради што турските власти ја зголемија контролата над граничниот појас каде што веќе беа изведувани бомбашки напади, и спроведуваа масовни приведувања на осомничени за поврзаност со сунитските радикали.


Спонзорирани линкови

Маркетинг