Заладување од утре, денес сончево со температури до 40 степени

Нетпрес

21/07/2015

09:05

2.762

Големина на фонт

а а а

Денес повторно нè очекува сончево време со температури до 40 степени, метеоролозите најавуваат заладување од утре и благ пад на температурите.

Според УХМР, времето во Македонија денес ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21 степени, а дневната од 34 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 37 степени.

Продолжува периодот на претежно стабилно и многу топло време. Од среда до петок во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат за два до три степени пониски од денешните.


Спонзорирани линкови

Маркетинг