Серијата продолжува: Саше Политико тепан и денес од вицепремиерот Пешевски

Точка

15/07/2015

18:47

18.711

Големина на фонт

а а а

Саше Политико, кој за себе вели дека е новинар, попладнево го провоцираше и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој на провокациите одговори така како што сметаше дека треба да одговори.

За Саше Политико велат дека тој едноставно доаѓа, провоцира, навредува и малтретира, а дел од луѓето сметаат и дека "тој си го добива она што го бара", а сето ова како да се претвора во серија од бизарни настани.

Всушност да се навредува и провоцира државен функционер e кривично дело, и секако дека не би требало воопшто да се дозволи и да стигнеме до вакви бизарни инциденти.

Пред вицепремиерот Пешевски да се пресмета со Саше Политико, Билјана Секуловска Ива со Славчо Димитров наводно дофрлале и провоцирале во скопскиот ресторан Пастел, а помеѓу гостите бил токму и вицепремиерот.

Vicepremiertot Pesevski stotuku izvrsi napad vrz Sashe Politiko vo Pastel vo strogiot centar vo Skopje. Go snimavme so Slavco Dimitrov , sokirani sme, koga minister tepa novinar za obicno novinarsko prasanje

Posted by Biljana Sekulovska-Iva on Wednesday, July 15, 2015




На оваа низа и претходи и тепачката помеѓу новинарот од ТВ Сител, Александар Спасовски Сарма и Саше Политико, а претходно и шамарот кој што Саше Политико го доби од главната уредничка на Утрински весник, Соња Крамарска.