Како дојдовме до ова денес? Погледнете ги идеалите за совршена убавина некогаш и сега!

Точка

20/06/2015

16:56

9.475

Големина на фонт

а а а

Како што времето се менувало, така и идеалите за убавина се менувале со него. Она кон што жените некогаш тежнееле, денес и не е така популарно, но секако, секое временско доба има и свои хероини.

Да се потсетиме како се менувал идеалот за убавина во последните неколку децении.

Осумдесети – Џејн Фонда и Синди Крафорд


"Workout" видеото на Џејн Фонда објавено во 1982-рата година стана и најпродавано видео на сите времиња и предизвика навистина голем интерес за фитнес вежбањето. Причината е тоа што жените навистина веруваа дека аеробикот може да ги доведе до затегнато, атлетско и силно тело какво што е на пример телото на Синди Крафорд, која токму во тој период и стапи на сцената.



Тоа беше време кога беа популарни американските девојки од соседството, кои се хранеа здраво, но сепак не би одбиле чинија паста. Тие беа активни, но не им пречеше да го прескокнат тренингот.

Кон деведесетите години ваквиот изглед престанува да биде толку посакуван. Во тие години се случија значајни промени, од модната сцена до технологијата, па истовремено и идеалите за совршена убавина престанаа се она кон што жените тежнееја да бидат дотогаш, а на сцената настапија и нови примери.

Деведесети – Кејт Мос и Памела Андерсон


Кон почетокот на деведесетите години започна и вистинска хистерија помеѓу жените која ја предизвика токму Кејт Мос. Со британската манекенка започна и таканаречената "heroin-chic" ера за која е карактеристичен андрогениот изглед, потенцираните колкови, бледата кожа, телото без облини и стилот на живеење кој што може да се опише и со една реченица – не јадам многу, не тренирам и не престанувам да одам на забави.



После Кејт, на сцената настапи Памела Андерсон. Во деведесетите години таа важеше за најголема секс-бомба. Популарноста ја стекна благодарение на улогата во популарната серија "Чувари на плажата". Како и поголемиот дел од PlayBoy зајачиците, и Памела беше блондинка со совршен тен и пластични гради. Иако тогаш тие сè уште беа во фаза на тестирање, силиконите прераснаа во вистински светски хит. Со русокосите секс-бомби кои во тој период го преплавија Холивуд, имплантите станаа и поголеми, поочигледни и попосакувани.

2015 – Instagram ера


Во времето на друштвените мрежи, малку што е сокриено од јавноста, но она на што најчесто ќе наидете се фотографии од тренинзи, теретана, фотографии од здрави оброци, како и мотивациони пораки поврзани со губењето на вишокот на килограми или преобликувањето на телото. Дали е тоа токму она што денес жените го посакуваат?

- Жените денес сакаат поголеми, но и поприродни гради, како и пополни усни и потенки бутини. Липосукцијата е дефинитивно во тренд, вели доктор Стефан Гринберг, еден од водечките пластични хирурзи во Холивуд.

Тој додава и дека помеѓу жените во моментот е апсолутен хит да се има позадина каква што поседува најпознатата американска старлета Ким Кардашина.

Уште нешто кон кое што жените денес тежнеат, кога се работи за физичкиот изглед, е тенката половина покрај потенцираната позадина, тип на градба каква што има и поп дивата Бијонсе. За многу жени овој изглед сепак не е остварлив, но е секако моментално еден идеал кон кој тежнеат повеќето жени ширум светот.

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk