Сè се трпи за убавина: Ѕвездата од "Harry Potter" ги покажала болните последици од разубавувањето

Точка

17/06/2015

12:15

13.664

Големина на фонт

а а а

24-годишната актерка Бони Рајт, се изложила на алтернативна терапија, која служи за извлекување на сите штетни материи од крвта.

Актерката Бони Рајт, најпозната по улогата на Џини Визли во филмскиот серијал "Harry Potter", неодамна со една своја фотографија предизвикала паника меѓу своите фанови на Инстаграм. На фотографијата која актерката ја објавила, може да се видат модринки на нејзиниот грб, кои изгледаат навистина болно.


Меѓутоа, станува збор за алтернативна медицина. Имено, Бони се изложила на таканаречениот "Хиџама метод".

Овој метод е алтернативно лечење на сите болести, или отстранување на нечиста крв од организмот. Хиџама е медицински метод кој влегува во доменот на мала хирургија.


Хиџама е всушност процес на извлекување, односно влечење на крвта и исфрлување на нечистата крв од организмот со помош на чаши или шишиња кои се поставуваат на одредени места на телото.

На овој третман редовно одат и Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Викторија Бекам.

Extraterrestrial ✨👽

A photo posted by Bonnie Wright (@thisisbwright) on




Спонзорирани линкови

Маркетинг