Македонија и Црна Гора да се приклучат на НАТО на наредниот самит, бара Полска

Макфакс

12/06/2015

13:01

1.034

Големина на фонт

а а а

Македонија и Црна Гора би требало да бидат поканети да му се приклучат на НАТО на наредниот самит на Алијансата во Варшава во 2016 година, изјави во петокот полскиот министер за одбрана Томаж Сиемониак.

„Тоа би биле одлични вести, ако на НАТО самитот во Варшава им се испратат покани на Македонија и на Црна Гора“ изјави Сиемониак на прес-конференција во полскиот град Вроцлав. „Се чини дека, ако на самитот на НАТО во Варшава му биде одземен овој елемент, тоа ќе значи разочарување за многу земји, вклучувајќи ја и Полска“, додаде.

Македонија и Црна Гора сакаат да ги следат стапките на Албанија и на Хрватска, кои станаа членки во 2009 година.

Но, Русија се спротивставува на какво и да е проширување на НАТО кон поранешните комунистички држави од источна и југоисточна Европа, што е дел од борбата за геостратешко влијание која се води уште од крајот на Студената војна и која е една од основните причини за тековниот конфликт во Украина, коментира Reuters.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатата година предупреди дека експанзијата на НАТО кон поранешните југословенски републики Боснаи Херцеговина, Македонија и Црна Гора од Москва ќе биде сватено како провокација.

На последниот самит во Велс, Алијансата одобри широк спектар планови со кои треба да се поттикне одбраната во источна Европа, со цел да ги увери своите сојузници, нервозни поради руската интервенција во Украина, дека НАТО ќе ги заштити од каков и да е напад.

Варшавскот самит ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јули 2016 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг