Имигрантите најдени во товарен воз ќе бидат предадени на Грција

Макфакс

08/06/2015

13:15

877

Големина на фонт

а а а

Лицата илегални мигранти, кои во саботата беа пронајдени во товарен воз, со протоколарен лист ќе бидат предадени на Полициската станица Евзони, Грција во утринските часови, соопшти полицијата.

Имено, како што претходно јавивме, при извршување на зајакнато обезбедување на државната граница од напливот на илегални мигранти од африканските и азиските земји, во саботата, во 20.30 часот од страна на патролен тим од ПС за ГН и ГП „Богородица“ откриени се 18 лица илегални мигранти сокриени во товарен воз поточно во еден од вагоните на кој беше товарена камионска приколка.

Возот сообраќал на релација од Солун,Грција до Ламбах,Австрија.

При прегледот извршен на два пломбирани вагони во присуство на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица“-железнички премин, цариник и работници од Македонски железници, вагоните се отворени и во еден од нив се откриени илегални мигранти од кои 17 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години. Со нив имало и едно седум годишно дете како и еден државјанин на Ирак на возраст од 33 години.

Лицата кои се откриени во возот немале организатор и по кажување на неколку од нив тие незабележано влегле во приколката додека сè уште се товарала и вратите биле отворени.

Од Македонски железници не е констатирана штета и недостаток на стоката која била во приколката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг